Историја за среброто

По својата природа човекот е сомнително суштество, па не зачудуваат бројните недоумици за потеклото на користење на среброто и неговата општа ефикасност. Како најлесно и најбрзо да се докаже неговата сила која доаѓа од далечни времиња? Помеѓу другото, со мало навраќање во минатото за среброто како антибиотик и стерилизатор се испишани страниците на многу книги. Сите тие настанале врз темелите на многу човечки искуства од пред 1200 години кога европското и светското племство своето здравје му го должеле токму на среброто.

Се почнало во Античко време

Долготрајното чување на намирници и вода во садови и пехари од сребро се практикувало во стар Рим и Грција. Уште поголем доказ за среброто како силен антиоксидант бил за време на Александар Македонски. Неговите офицери кој пиеле од сребрени чаши, избегнувале разни заразни болести, а често и самата смрт, за разлика од обичните војници кој пиеле од други чаши. Исто така Сарацените вешто ја избегнувале кугата, бидејќи ја чувале водата во сребрени садови.

Средниот век “Јадел и пиел“ сребро

Европските благороднички смејства во минатите времиња, користејчи сребрен прибор за јадење, сребрени пехари и чаши, се штителе од куга и голем број други болести кој владееле поради глад, нечистотија и беда. 

Ниту остатокот од другите народи не заостанувале во тоа, посебно Азијците, јадење и пиење во сребрени чинии и чаши било секојдневие на повеќе слоеви во општеството. Оние пониските среброто неможеле да си го приуштат.

Во свеста на средновековното благородништво постоел страв од заразни клици и во потрага за идеално решение се наметнало среброто. Зошто?

Среброто ја менува својата боја во допир со отров, што за владетелите и наследниците на престолот било поважно зачувување на тронот, односно сопствениот живот. Да се спречи труење и зараза најлесно било само со користење на сребрен прибор за јадење исти такви чинии, чаши, садови. Иако не е јасно покрај златото, среброто се покажало како многу поважен благороден метал.

Новото време и среброто

По озбилно користење на среброто во 19 век, почнало кога неколки лекари многу успешно почнале да лечат многу малигни болести на кожата спречувајќи инфекции и забрзувајќи лечење на рани користејќи разреден сребро-нитрат. На премин од 19 во 20 -ти век William Halsteana еден од втемелувачите на модерната хирургија почнал при превивање на рани да користи сребрен завој. Но наредните 30  години на медицинското небо доминираат антибиотици. 

Откако се заклучило дека ниту антибиотиците не можеле да ги убијат сите бактерии, среброто, повторно избива во прв план. Според истражувањата од 1992 година количината на минерали во земјата се намалило за преку 85% во последните 100 години, а со тоа и на среброто кое телеото нужно требало да го надомести.

Проблемот на дефицит на сребро не знаел народот на хунзите од северен Пакистан кој многу одамна користеле “сребрена вода“.

Нивните извори на вода се многу богати со концентрација на сребро. Поради сето ова цела долина е позната по неверојатно здравје на своите жители кој сите се 100 - годишници.

А тука е и убавината

Од секогаш естетиката привлекувала погледи. тоа го знаеле и индијанците од Северна Америка. Па во бокалите со млеко ставале сребрено паричка. нивните жени своето тело го негувале со сребрено млеко и во него ги капеле своите бебиња. Такво млеко се пиело без страв од можна зараза. Египќаните лузните и раните ги лечеле со сребро. Историјата зборува дека никогаш не зажалиле.