Silverex крема

Silverex крема

Проблеми со кожата?
Решение со среброто...

Крема за лице за проблематична, осетлива и кожа со недостатоци.

Silverex кремата погодна е за проблематична кожа на лицето со недостатоци како што се: акни, црвенило, перутење, надразнетост и сл. Со редовна употреба на Silverex кремата кожата е поздрава, тенот е поизедначен и очигледно освежен. Единствениот комплекс од сребро и урсолична киселина дејствува обновувачки, ја намалува раздразнетоста, перутењето, црвенината и ја спречува појавата на нови недостатоци.

Идеална за нега на осетлива кожа

Акни

Дали знаете? Во здравата кожа се наоѓа бактеријата propioniumbacterium acnes. Кога тие неконтролирано се размножуваат и се активираат воспалителни процеси и настануваат акни и приштови. 

Среброто ја контролира и стабилизира оваа појава и доведувајќи ја концентрацијата на бактерии во границите на нормалата спречувајќи ја повторната појава на акните. За оптимални резултати истата се користи во комбинација со Silverex сапунот. 

Перутење

Вистинската причина за перутење на кожата е индивидуалната осетливост, количината на себумот и природно присутната габичка во кожата MALASSERIA. Зголемениот развој на габичките ја иницира појавата на перутењето на кожата. Среброто го спречува неконтролираното размножување на габичките и ја доведува кожата во баланс.

Црвенило 

Причината за црвенило на кожата е хиперактивноста на кожните жили на лицето, односно нивното проширување, на тоа посебно е наклонета тенката кожа. Среброто во комбинација со урсоличната киселина која формира заштитен филм, надворешните причинители ги сведува на минимум и делува смирувачки на кожата.

Надразнетост

Иритираната кожа може да биде испукана, затегната, сува и пропратена со непријатно чувство. Природната урсолична киселина со нежниот анти-септичен ефект ја смирува кожата и ја поттикнува нејзината регенерација. Со почеста употреба на Silverex кремата, текстурата на кожата зајакнува и така настанува поотпорна.

Хидратација

Соодветната количина на вода во епидермот поволно делува и на другите процеси, неопходни за еластична, отпорна и поздрава кожа. Природните состојки од билки кој ги има во кремата традиционално се користат за надополнување на влагата во кожата.

Одличен природен избор за убава и здрава кожа Silverex кремата е направена од повеќе од 98% природни состојки со извонредно високи квалитети кој не ја иритираат кожата. 

Сребро - прикриените причинители за појавата на недостатоци на кожата од лицето често пати се патогени организми кој доведуваат до појава на акни, перутење во кожата, црвенило и непријатна состојба. Улогата на среброто е анти-бактериска - борба против патогени организми. Среброто од кремата не продира во кожата, тоа се задржува на површината на кожата на тој начин ја чисти, моментално ја смирува, ги намалува алергиските реакции и ја штити кожата од надворешните негативни влијанија.

Ursolic acid - ефикасно против воспалителното дејство значително ги смирува површините зафатени со воспаление, иритација или оштетувања на кожата. 

Благодарение на своето анти-оксидирачко дејство, кожата станува мазна, чиста и здрава. Ја стабилизира и обновува кожната мембрана. Ефикасно делува против микробите. Ова соединение е добиено од билката dubiosia hybric, со потекло од Австралија.

Маслиново масло - маслиновото масло познато е уште од одамна по своето благородно дејство на кожата. Богато е со А и Е витамини, и има анти-оксидирачко дејство. Извонредно делува кај дехидрирана, осетлива и воспалена кожа, и притоа го намалува чешањето и осипите. Маслиновото масло ја прави кожата еластична, мазна, нежна и ги спречува првите знаци на стареењето.

Сончогледово масло - Маслото од сончоглед е добиено со ладна постапка. со ладно пресување на најквалитетни сончогледови семки. Со таа постапка сочувани се високо вредните природни состојки, како што се витамините А, Е, D, протеини, есенцијални линолни масни киселини.

Го зацелува оштетувањето на кожата, ја хидратизира, регенерира и негува. Поради карактеристиката за брзо впивање го олеснува преносот на молекулите во кожата. Исто така е познато по своето адстригентно делување односно собирање на порите и регулирање на маснотијата. Поседува силно анти-воспалително дејство, се користи и кај егзем, пеленски осип (иритација). Ја омекнува и навлажнува кожата. Маслото од сончоглед е познато по брзото впивање во кожата.

KARITE (shea) маслац - Создава филм на кожата кој го спречува губењето на влагата. Лесно навлегува во кожата, не ги затнува порите, поради што кожата може да диши. Ги обновува клетките и така ја прави здрава, не делува воспалително и помага кај разни кожни заболувања како што се: себореа, псоријаза, егзема, атописки дерматитис и акни. Поради смирувачката природа shea маслацот е одличен за било која иритиција, содржи витамини А, Ц, Д, Е и Ф како и висок состав на протеини и минерали.

Напиши мислење

Забелешка: HTML таг не е дозволен!
    Лошо           Добро

Captcha

НАСКОРО

Бесплатна испорака

Бесплатна испорака за сметка над 500 ден.

  • Бренд: Silverex
  • Код на производот L5WQFU8Y
  • Достапност: На залиха
  • 950 денари