Габични инфекции на кожата

Објавено од Silverex 15/09/2014 3 Коментар(и) Употреба на производите,

Кожните габички, се чест проблем. Тие не предизвикуваат поголеми проблеми, но потребно е да бидат квалитетно третирани за да се спречи понатамошно ширење на инфекции.

Доколку не се третираат на соодветен начин, можат да доведат до трајни последици на зафатените подрачја. Габични инфекции најчесто се јавуваат кај особи со слаб имунитет, па затоа тие тешко можат да се ослободат од нив. Најчесто се јавуваат на кожата, слузницата на усната празнина, темето, на ноктите и помеѓу прстите. 

Личната хигиена е многу важна, но без обзир на тоа колку често се бањате, туширате, миете раце и слично, тоа не може да значи дека сте се ослободиле од бактериите, потенцијалните причинители на заразите. Секој ден доаѓате во контакт со разни бактерии: преку предмети кои ги допирате и употребувате, било тоа да се копчињата во лифтот, тастатурата на компјутерот, парите, јавниот превоз или вашиот дом. 

Доколку тие бактерии на вашата кожа предизвикуваат разни габички па стануваат неподносливи, потребно е да се ослободите од нив пред да се прошират на останатите делови од телото. Доколку на кожата имате некоја габична инфекција, ослободете се од непријатното чешање, пецкање или црвенило, настанати од габични инфекции на едноставен и сосема природен начин користејќи Silverex производи.

Докажано е дека што е внатре во Silverex производите уништува повеќе од 650 видови бактерии, бацили, вируси и габички.