Општи правила и услови

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, Silverex Македонија ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот.

Со самата посета или купување преку нашата интернет страница, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на страницата.

Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот (www.silverex.mk) од интернет страната на Silverex Македонија е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди интернет страната на Silverex Македонија.


Одговорности на корисникот при регистрирање на нашата интернет страница

При регистрирање на интернет страницата, Корисникот е обврзан да обезбеди точни, прецизни и целосни лични податоци за пополнување на формуларот за регистрација. Во случај кога корисникот ќе приложи лажни, неточни или некомплетни податоци, Silverex Македонија го задржува правото да ја поништи регистрацијата и/или прекине информациите за неговата поштенска адреса и да го одбие неговиот пристап до сите услуги во иднина. 


Производи понудени на нашата интернет страница

Сите цени на интернет страницата се изразени во Македонски денар (МКД) со вклучен 18% ДДВ. Silverex Македонија има право да ги менува објавените информации за производите и цените во било кое време и без претходна најава. Можно е на интернет страницата да биде објавена информација поврзана со производи кои не се достапни во моментот. 


Купување на производи нашата интернет страница

Купувачот има право да купува производи и услуги понудени од Silverex Македонја. Кога прави нарачка, Купувачот може да избере производ, количина, услови на испорака според можностите понудени на интернет страницата. 

Купувачот може да го смени избраниот производ и услуга во било кое време пред да го реализира плаќањето. Купувањето се финализира по поднесување согласност со упатствата на интернет страницата. 

Silverex Македонија го задржува правото да ги менува цените по сопствена волја, во секое време, без известување на купувачите. Купувачот е обврзан да ја плати цената која била понудена на интернет страницата кога било направено купувањето, без разлика на фактот дека тековната цена може да биде пониска или повисока. Во случај на технички проблеми на објавување на интернет страницата, Silverex Македонија има право да го одбие комплетирањето на постапката за купување и нема да му должи рефундирање на купувачот на било каков начин, освен враќање на парите платени од купувачот до тековниот момент.


Објава за промени

Доколку има некои промени во нашите правила и услови ќе бидат напишани тука и на други места за кои сметаме дека се соодветни.